X
 04.05.2024 Живот

Што е најдобро да облечете кога патувате со авион?

Удобноста е најважна при изборот на облека за патување со авион.

Се препорачува и облека што ја носиме за спортски активности, а доколку патувате службено, се препорачува памучна облека која е растеглива и не се тутка.

- Важно е да се најде рамнотежа помеѓу стилот и удобноста бидејќи удобноста е многу важна - вели Лаура Ешли Барнс, консултант за семејни патувања.

Слоевито облекување

Патниците што одат на потопли дестинации треба да се одлучат за полежерна и полесна облека, додека патниците што одат во зимски региони би можеле да носат јакни и чизми. Ако патувате службено, изборот е малку потежок.

Ткаенини во кои дише кожата


-Овој вид материјал е секогаш добар избор и може да биде многу корисен при високи температури. Тоа се материјали кои можат да ја апсорбираат влагата и брзо да се исушат, а се корисни за сите климатски услови и должина на патување - истакнала Барнс.

Деловна комбинација

Важно е да се комбинираат стилот и удобноста. Ако патувате со колегите или треба да трчате директно на состанок штом слета авионот, се препорачуваат свилени материјали, растегливи парчиња облека, јакна и панталони.

Хулахопките не се добра облека бидејќи може да бидат опасни. Кристин Негрони, која објавила книга за најмистериозните авионски катастрофи во светот, објаснила дека хулахопките носат ризик.

Таа рекла дека ваквата облека претставува дополнителна опасност во случај на авионска несреќа каде што може да избие пожар.

- Многу луѓе носат хулахопки додека патуваат со авион, а се препорачува да се избегнуваат синтетички влакна, бидејќи во некои ситуации можат да бидат запаливи. Се претпочитаат памучни и вискозни материјали - советувала Негрони.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот