X
 20.05.2023 Живот

Најдобрите места во Рим што можете да ги видите бесплатно

Не мора да потрошите многу пари за да имате незаборавно патување во Рим бидејќи во градот има многу места што може да ги видите бесплатно.

Бесплатна уметност

Може да видите слики од Рафаел во црквата „Санта Марија дела Паче“ (Santa Maria della Pace), дела од Караваџо во црквите „Сант Агостино“ (Sant'Agostino), „Санта Марија дел Пополо“ (Santa Maria del Popolo) и „Сан Луиџи деи Франчези“ (San Luigi dei Francesi).

Може и да ја видите скулптурата на Мојсеј од Микеланџело во „Сан Пјетро ин Винколи“ (San Pietro in Vincoli), како и „Екстаза на Света Тереза“ од Бенини во „Санта Марија дела Виторија“ (Santa Maria della Vittoria). Влезот во сите овие цркви е бесплатен.

Бесплатни туристички атракции

Доколку не се задоволите со уметноста, треба да знаете дека музеите во Ватикан се бесплатни последната недела секој месец. Од друга страна, секоја прва недела во месецот може бесплатно да ги посетите Колосеумот, Домус Ауреа, Националниот римски музеј, замокот „Сан Анџело“, како и Бањите на Каракала.


Фото: Pixabay

Историја и култура на улиците

Постојат многу места на отворено во Рим преку кои може да ги видите историјата и културата на градот, без притоа да плаќате. Плоштадите „Свети Петар“, „Пјаца Навона“, „Пјаца дел Пополо“ и „Пјаца ди Треви“ со познатата фонтана се само неколку плоштади кои можете да ги видите. Во градот се наоѓаат и панорамските тераси на плоштадот „Кампидолио“ со поглед на цел стар Рим.


Фото: Pixabay

Паркови

Доколку сакате да видите вистински зелени оази во градот, посетете некоја од вилите и парковите. Паркот на вилата „Боргезе“, паркот „Кафарела“ и малата куќа на бувовите во паркот на вила „Торлонија“ се само неколку бесплатни места што може да ги посетите.

Прошетка низ Рим

Најкарактеристичните населби и места во Рим може да се видат пеш. Во градот се нудат и бесплатни пешачки тури. Не пропуштајте ги населбите Трастевере и Копеде, како и пазарот „Порта Портезе“.

Извор: Idealista
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот