X
 04.06.2018 Култура

Како успеа: Данска - најдоброто место за живеење

Данска, релативно мала земја со само 5,5 милиони жители, освен што со БДП по жител од околу 50.000 долари спаѓа меѓу најбогатите земји во светот, таа редовно е и на врвот на различни истражувања за квалитетот на животот, па се перципира како едно од најдобрите места за живот.

Данска има модерна пазарна економија, напредна индустрија со водечки светски компании во фармацевтската индустрија, поморскиот транспорт, обновливи извори на енергија и високотехнолошки земјоделски сектор. Данците уживаат висок стандард на живот, имаат силни мерки за социјално осигурување - јавното здравство и образование се достапни за сите, а тука е и поддршката за невработените.

danska

Нивната мала отворена економија зависи од надворешната трговија, а владите силно ја поддржуваат либерализацијата на трговијата. Данска е нето-извозник на храна, нафта и гас, но зависи од увозот на суровини за производствениот сектор.

Тајната на успехот на Данска можеби лежи во нивната адаптибилност кон промени. На пример, тие имаат воспоставено специфичен модел на пазарот на трудот базиран на флексибилно законодавство за труд, со едноставно вработување и отпуштање на работниците, но со силна социјална сигурност.

Данска има долга историја на успешни национални реформи од кои можат да учат и други европски земји. Имаат создадено модел што комбинира голема флексибилност во ангажирањето и отпуштањето со робустен систем за социјално осигурување, таканаречен модел на флексисигурност. Овој модел има широка политичка и јавна поддршка во Данска и во текот на годините бил развиен со тесна соработка на неколку дански влади - десниот и левиот центар - синдикатот и работодавците.

Стапка на вработеност

stapka
Фото: tradingeconomics.com

Основата на овој модел е да им се овозможи на компаниите и јавните институции да реагираат брзо на промените во побарувачката и економијата, истовремено обезбедувајќи социјална сигурност на оние што ќе останат без работа и овозможувајќи им пристап до обука и нови вештини што ќе им овозможат да се вратат на пазарот на трудот.

Моделот служи за интересите на работодавците и работниците и на данската економија ѝ овозможува лесно да се приспособи на промените во глобалната економија.

Стапка на невработеност

stapka
Фото: tradingeconomics.com


Данска оваа година повторно се најде на врвот на листата со најсреќните земји во светот - веднаш зад Финска, која го зазеде првото место. Извештајот за светска среќа ги рангира земјите по шест клучни варијабли што придонесуваат за степенот на среќа: приход, слобода, доверба или отсуство на корупција, очекувано траење на животот со добро здравје, социјална поддршка и великодушност.

Исто така, Данска е одлично место за бизнис, најдобро во ЕУ. Според рангирањето на „Дуинг бизнис“, Данска се наоѓа на третото место, веднаш зад Нов Зеланд и Сингапур, и над земјите како Америка и Велика Британија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура