X
 04.06.2020 Живот

Дали вашиот работодавец ве шпионира додека работите од дома?

Од почетокот на пандемијата многу луѓе во светот беа принудени да ги напуштат канцелариите и да продолжат со работата од своите домови. Истовремено, во САД е зголемена побарувачката за софтвер за следење на активностите на вработените.

Компаниите што ги користат ваквите програми тврдат дека го прават тоа за да ја задржат продуктивноста на работниците, но некои сметаат дека тоа е мешање во приватноста на работникот. Во видео на Би-би-си, Лара Луингтон зборува со новинарот Адам Сатаријано од „Њујорк тајмс“, кој тестирал софтвер за следење за да види како би влијаел врз неговата работа. Тој го користел софтверот „Хабстаф“, кој прави слики од веб-страниците што ги отвора работникот.


Фото: Pixabay

На пазарот може да се најдат и програми што може да го снимаат екранот на работникот. Зголемената побарувачка за ваквите програми во САД отвора прашања за легалната заштита на приватноста на работниците, но и ја покажува нееднаквоста помеѓу работодавците и работниците. Законски, во САД работодавците може тајно да ја следат работата на своите вработени и не постои федерален закон кој од работодавците бара да ги известат вработените дека ги набљудуваат.

Во Европската Унија работодавците може да ги набљудуваат вработените, но мора да ги известат и да им објаснат зошто го прават тоа.


Извор: Би-би-си 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот