X
 31.03.2019 Живот

Милијардерот Ричард Брансон ја открива тајната на зголемената продуктивност на работниците

Милијардерот Ричард Бренсон, кој е основач на технолошката компанија „Вирџин груп“, ја откри тајната за поголема продуктивност, но и задоволство на работниците, а тоа се флексибилните услови за работа.

Тој го сфатил тоа кога и самиот барал работно место што нуди такво работно време, а станува збор за можноста на работникот да го приспособи својот распоред на работа.

- Се најдов без работа и тоа не затоа што го немав потребното знаење или искуство, туку затоа што сакав секоја недела да минувам по еден дополнителен ден со мојата фамилија - објаснува тој.

Оттогаш тој станал жесток заговорник за опцијата благодарение на која можел да минува време со своите деца додека растеле. Всушност, на почетокот од кариерата милијардерот работел од својот брод наместо од канцеларија оддалечена од неговиот дом. Секако, тоа би го сакале сите ние, а една од најголемите причини за работењето од дома е одржувањето на билансот меѓу приватниот живот и работата и штедење на времето кое инаку го минуваме во патување до и од работното место.

Но, како што вели Ричард, флексибилната работна политика е еднакво корисна и за компаниите, што го покажува и фактот дека едни од најголемите, највредните и најуспешните светски компании, како што се „Амазон“ и „Епл“, нудат такви работни услови. Покрај тоа, со оглед на тоа што работата е нешто што го посакуваат повеќето работници, самата понуда на таквите услови ја прави компанијата поконкурентна, смета Брансон.

-Ако сакате да ги најдете, привлечете и задржите најдобрите работници, потребно е да воведете и да понудите флексибилни работни услови во својата стратегија за развој на компанијата - советува милијардерот.

Дополнително, вработените што работат на половина работно време, како и оние што работат од дома се многу продуктивни, а и мотивирани, што е потврдено и од страна на многу работодавци.

Според основачот на „Вирџин“, бенефитите од флексибилниот начин на работа се бескрајни и тој е оптимист за иднината на овој работен стил.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот