Со оглед на тоа дека минијатурните компјутери кои ги носиме во џеб се едни од најкорисните алатки во секојдневниот живот, треба да се земе предвид дека со нивното користење секој ден се изложуваме на голем ризик за нашата сајбер приватност.
Ова се неколку начини на кои вашиот паметен телефон ве следи.
Бесплатно Wi-Fi
Ова е многу опасно нешто. Се разбира, секогаш можете да се заштитите од љубопитните очи со користење на VPN, но ако морате да користите бесплатен Wi-Fi, сметајте дека се впуштате во нешто прилично опасно за вашата приватност и податоци.
Кога ќе се поврзете на Wi-Fi во некоја кафетерија или компанија, сопствениците може да ги следат страниците што ги посетувате, да евидентираат каде имате профили и слично, а потоа, на пример, да сервираат персонализирани реклами. Накратко - кога ќе се поврзете на Wi-Fi, значи дека имате голема доверба во сопствениците.
Сензорите издаваат многу повеќе отколку што мислите
Во вашиот паметен телефон има еден куп сензори за мерење на нештата како бројот на чекори, насоката во која е насочен вашиот уред, вашите движења, а има и други мали дигитални сетила како оној што препознава кога го приближувате телефонот до увото, оној што ја мери светлината во просторијата итн.
Како што претпоставувате, до овие сензори можат да пристапат куп апликации. Како што е случај со дозволите за пристап, нема конкретни ограничувања кои проследени информации креаторите на софтверот може да ги користат против вас. Со користењето на акцелерометар, на пример, може да се следи кога вашиот телефон е на биро, кога го држите во рака и кога е во вашиот џеб.
Вашиот пребарувач ве слуша
Во последно време непрекинато слушаме и читаме за обидите за следење на корисниците преку интернет страниците кои ги посетуваат. Информациите кои често се собираат се оние во вашиот пребарувач, оперативниот систем итн.
Вашиот пребарувач, ако доаѓа од „Гугл“, собира дополнителни информации за да создаде ваш профил кој го користи за персонализирано рекламирање.
Смартфонот може тајно да снима сѐ што работите на екранот
Дали знаете дека вашиот паметен телефон може да ја снима и содржината од вашиот екран? Оваа мобилна верзија на keylogging доби низа докази по вознемирувачка репортажа во која се тврди дека експертите за безбедност откриле куп апликации за Андроид кои на трети лица им праќаат фотографии и видео снимки од кориснички екрани.
Слична ситуација се случи и со iOS. Имено, беше објавен разговор со ексерти кои внатре во iOS апликацијата „Uber“ пронашле код наменет за снимање на содржината на корисничките екрани.
Апликациите можат да следат сѐ што правите
Андроид и iOS пружаат можност за дозволување или блокирање на индивидуалните дозволи за пристап до делови од вашиот телефон, но ниту еден оперативен систем не може да предвиди што ќе прави апликацијата или креаторот откако ќе ја добие дозволата.
На пример, на апликацијата може да ѝ дозволите пристап до микрофонот за да можете да праќате гласовни пораки, додека тој всушност ја прислушкува емисијата која ја гледате на телевизија за да им даде до знаење на огласувачите какви нешта сакате.
Вашите фотографии можат да ја откријат вашата локација
Покрај очигледните непта како конкретната содржина на вашата фотографија, вашите фотографии на смартфонот можат да бидат искористени за следење благодарение на локациските информации кои се наоѓаат во нив. Поточно, ако дозволите, на секоја фотографија ќе биде забележано местото на снимање.
Овие податоци можат да ви помогнат полесно да ги распределите фотографиите, но можат да завршат и во рацете на нечесните компании кои се подготвени да ги искористат за персонализирано рекламирање или нешто полошо.
Дозволата за следење на апликацијата ја давате во истиот момент кога ќе ѝ дозволите пристап до фотографиите. Што таа прави со тој пристап одлучуваат нејзините креатори.
Бидете
внимателни!