X
 04.06.2020 Образование

Протокол за запишување на Спортската академија

Владата донесе протоколот за спроведување проверка на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во државното средно училиште Спортска академија во учебната 2020/2021 година. Протоколот го изготвија Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и Министерството за образование и наука. 

Ви го пренесуваме целосниот протокол:


- Селектирањето на учениците ќе се врши на спортски терени од отворен тип (фудбал, ракомет, кошарка и тенис).

- Терените на кои ќе се врши селекцијата мора да имаат посебен дел за публика на кој ќе бидат распоредени учениците, каде што ќе го чекаат својот ред за настап на теренот.

- Меѓу спортистите да има физичко растојание од 2 метра, согласно препораките за социјално дистанцирање.

- Помеѓу тренерот и кандидатот да има растојание од 5 метри.

- Пред почетокот на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на кандидатот кој ќе има покачена температура.

- Додека учениците го чекаат својот ред, задолжително да имаат на себе лична заштитна опрема (маска).

- Да има најмалку два тоалета во употреба, претходно целосно дезинфицирани.

- Кандидатите и тренерите доаѓаат на теренот поединечно и веќе облечени во спортска опрема за селективниот тренинг, при што ќе се избегне користењето на соблекувалните.

- Движењето на спортскиот терен да се одвива по обележани ознаки и од страна на редари.

- Пред влезот да има поставено средство за дезинфекција на рацете, кое задолжително мора да се употребува од страна на учениците при влез и излез од теренот.

- На влезот да биде поставен сунѓер за дезинфекција на обувки.


Начин на пријавување на кандидатите:


- Пред самиот влез на теренот да биде поставена контролна точка за евидентирање на учениците што ќе бидат дел од селективните тренинзи. Бидејќи во овој случај физичкото растојание помеѓу лицето кое врши идентификација и ученикот може да биде помало од 2 метра, задолжителна е употребата на лична заштитна опрема (заштитна маска). Пред да пристапат на идентификација, учениците мора да ги дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција, кое ќе биде поставено во близина на местото за идентификација.

- Приемот на кандидатите (нивното присуство и идентификација) ќе се врши од одредени лица на определено и обележано место на влезот на теренот со предвиденото растојание помеѓу кандидатите и задолжените лица за прием.

- По пријавувањето (идентификацијата), учениците да се упатуваат кон местото за публика, каде што чекаат да бидат повикани за настап од страна на тренерите кои се на терен.


Тек и организација на селективниот тренинг: 


- За организирање на целиот процес да биде задолжена редарска служба која ќе води сметка за потребното растојание помеѓу кандидатите и присутните од минимум 2 метра во теренот и околу теренот и на местото за публика од каде што ќе бидат повикувани кандидатите. Ќе бидат ангажирани минимум двајца редари.

- Ќе бидат поставени ознаки на влезот на теренот и на теренот кои ќе означуваат правец на движење и запазување на минимум растојанието при чекањето ред.

- На теренот да бидат присутни најмногу двајца тренери, кои ќе имаат задача да асистираат во одредени ситуации при демонстрирање на одредени елементи. Истите мора да носат лична заштитна опрема, односно маска и ракавици.

- По секоја измена на терен, тренерите задолжително мора да ги дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција.

- Комисијата од три члена да го следи тренингот од соодветно место, на физичко растојание помеѓу членовите од 2 метри.

- Реквизитите што се користат на тренингот да се дезинфицираат по секоја направена измена на ученик на терен.

- Во демонстрирање на одредени елементи, на теренот може да има и два ученика во исто време, но не на растојание помало од 3 метри.

- Ученикот кој го завршува својот настап на теренот, да се упатува кон соблекувалната и потоа да го напушти теренот.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование