Владата денеска го донесе протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), кој ќе започне да важи од понеделник (22 јуни). Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на Ковид-19.
Денеска е донесен и протоколот за работа на базените за пливачките клубови во земјава. Се утврдува дека базените се отвораат само за членови на пливачките клубови, а не и за рекреативно пливање.