X
 07.02.2019 Живот

Шест работи што треба да ги знаеме за НАТО

Претставниците на 29 земји-членки на НАТО и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров вчера во Брисел го потпишаа протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.


nato

1. НАТО-алијансата е формирана на 4 април 1949 година кога дванаесет нации: Белгија, Канада, Данска, Франција, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Обединетото Кралство и САД - го потпишаа Северноатлантскиот договор на церемонија во Вашингтон.

Повелбата на НАТО вели дека земјите-потписнички ќе се обидат да промовираат стабилност и благосостојба во северноатлантската област и ќе ги обединат своите напори за колективна одбрана и за зачувување на мирот и безбедноста.

2. НАТО е составено од 29 земји-членки: Албанија, Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Турција, Обединетото Кралство и САД.

3. Генералот на американската армија, Двајт Ајзенхауер, беше назначен за прв врховен сојузнички командант на НАТО во 1951 година.

4. Алијансата во моментов е предводена од генералниот секретар Јанс Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка.

5. На 12 септември 2001 година прв и единствен пат во историјата НАТО се повика на член V од Вашингтонскиот договор, својата заемна одбранбена клаузула, за поддршка на САД по терористичките напади на 11 септември.

6. Упатството за 2 отсто: На Самитот на НАТО во Велс во 2014 година шефовите на држави и на влади што учествуваа на состанокот издадоа Декларација во која се вели: „Сојузниците во моментот што ги исполнуваат упатствата на НАТО да потрошат минимум 2 отсто од нивниот бруто-домашен производ за одбрана, ќе имаат цел да продолжат да го прават тоа“.

„Сојузниците чиј сегашен процент на БДП потрошен на одбрана под ова ниво ќе запрат какво било намалување на расходите за одбрана; имаат цел да ги зголемат трошоците за одбрана во реални услови како што расте БДП; имаат цел да се движат кон упатството за 2 отсто во рок од една деценија за да ги исполнат своите цели за НАТО и да ги пополнат недостатоците на капацитетот на НАТО.

Трамп ги притиска земјите-членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана. Во 2014 година САД беа една од трите земји-членки што трошеа 2 отсто или повеќе од својот БДП за одбрана.

- Оваа година очекуваме осум земји-членки да ја исполнат целта. А до 2024 година очекуваме најмалку петнаесет сојузници да потрошат 2 отсто од БДП или повеќе за одбрана. Ова е значителен напредок и добар почеток - неодамна изјави Столтенберг.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот