Ајлин Крејмер има 106 години. Таа е танчарка родена во Сиднеј, која со децении живеела во странство пред да се врати во родниот град на возраст од 99 години. Таа пишува и објавува книги и учествува во натпревари за сликање, но нејзината прва страст е танцувањето.
Таа танцува и денес, а откако се вратила во Сиднеј, настапувала во повеќе претстави и големи натпревари за танцување, а танцувала и на филм. Во што се крие тајната за нејзината енергија? Таа ги забранила зборовите „стара“ и „возраст“.
- Велам: Не сум стара, само сум тука долго време и сум научила некои работи во тоа време - изјавила таа, додавајќи дека нејзиниот став кон создавањето е идентичен како кога била дете.
Во моментов, Крејмер работи на снимање видео за танцување, а истовремено се подготвува да ја објави последната книга преку издавачката куќа што ја води самата. Откако наполнила 100 години, Крејмер ја објавила збирката раскази „Слонови и други приказни“ (англ. Elephants and other stories).
Кога станува збор за пандемијата, таа изјавила дека не се чувствувала осамена бидејќи пишувала. Го прославила 106. роденден во ноември со пријатели танчари кои ѝ подготвиле изведба пред нејзиниот прозорец.
Крејмер живеела во Индија, Париз и во Њујорк пред да се врати во Австралија. Нејзината танцувачка кариера трае цел век.
На тема здравје, Крејмер открила за Би-би-си дека никогаш не зема лекови освен витамини по наредба на лекар.
Извор:
BBC
Фото: Принтскрин/BBC