X
 10.03.2022 Наука

Научници успешно го вратиле процесот на стареење кај глувците

Третманите за подмладување можеби наскоро ќе станат многу поефикасни благодарение на едно истражување спроведено од научници од институтот „Салк“ и биотехнолошката компанија „Џенентек“.

Истражувачите успеале да го вратат процесот на стареење кај средовечни и постари глувци со подмладување на нивните клетки. Истражувачите велат дека станува збор за безбедна и ефективна техника со која може да се забави стареењето, но и може да игра улога во третирање одредени болести.

Научниците користеле неколку молекули за репрограмирање со кои ги ресетирале епигенските знаци на клетките на нивните оригинални состојби. На овој начин тие претвориле возрасни клетки во матични клетки.

Научниците ја тестирале техниката на повеќе групи глувци и заклучиле дека таа е безбедна и ефективна за сите групи. Не биле забележани никакви негативни ефекти врз здравјето, однесувањето и телесната тежина на животните.

Единствената негативна страна е што третманот не бил ефикасен кога се користел пократок период и треба да се користи над седум месеци за да биде ефективен.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука