Во Јужна Кореја стапи во сила закон според кој годината на раѓање на бебињата ќе се брои како нула, а на секој 1 јануари ќе се додава една година.
Во декември Јужна Кореја донесе закон за укинување на традиционалниот начин на пресметување на возраста и усвојување меѓународен стандард. На овој начин, нејзините граѓани ќе станат една или две години помлади во официјалните документи.
Според традиционалниот систем, Корејците сметаат дека бебето има една година кога ќе се роди, а уште една година им се додава на секој први јануари. Ова е возраста која најчесто ја наведуваат Корејците во нивниот секојдневен живот.
Исто така, постои посебен систем за потребите на регрутација или за пресметување на дозволената возраст за пиење и пушење, според кој возраста на лицето се пресметува од нула при раѓање, а година се додава на 1 јануари.
Збунувачките системи исчезнаа, барем на официјалните документи.
Извор:
Telegraf.rs
Фото: Unsplash