Сигурно ви е позната оваа ситуација: одите на одмор, изнајмувате автомобил, тргнувате и одеднаш сте во тотален хаос, сите возачи околу вас брзаат како луди, никој не ги почитува сообраќајните знаци, никој не сигнализира дека врти, а притоа ви свират затоа што возите бавно.
За жал, вакво искуство може да се доживее во многу европски земји, а прашање е која од нив има најлоши возачи?
Неодамна една анкета даде одговор на ова прашање. Во анкетата учествуваа 12.400 жители од различни европски земји, а секој требаше да го оцени своето возење, возењето на сонародниците и возењето на граѓаните од другите европски земји.
Резултатите од оваа анкета во најмала рака беа загрижувачки.
Дури 79 отсто од испитаниците изразиле негативен однос кон другите возачи.
Една четвртина од Британците изјавиле дека се однесуваат како сосема поинаква личност кога се зад воланот, додека во Полска 42 отсто од испитаниците изјавиле дека секој си гледа за себе.
Фото: Pexels
Сепак, од сите земји, Грција се издвојува.
Дури 91 отсто од Грците имале нешто негативно да кажат за возачите од другите земји, а исто така тие пријавиле и најгрубо однесување од своите возачи.
Кога станува збор за пцуењето на пат, агресивното играње, брзото возење, возењето со мобилен телефон, но и излегувањето од автомобилот за да се соочи со друг возач, Грција се наоѓа на самиот врв.
Според магазинот „Сити“, доколку планирате патување низ Грција ова лето, најдобро е да бидете подготвени за едно пеколно возење.
Сепак, анкетата покажува и неколку позитивни работи за возачите во Европа.
Шпанците и Британците, на пример, најмалку го осудуваат возењето во други земји, додека Германците прилично добро го оценија возењето на нивните сонародници, наведувајќи дека само мал дел од нив возат агресивно и/или неодговорно.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik