На Балканот постои врежано мислење дека жените се ужасни возачи и дека мажите „царуваат“ по патиштата, но од Велика Британија стигнува поинаква студија. Имено, една компанија за осигурување нарачала истражување кое покажало дека деснораките луѓе се поуспешни во возењето автомобил.
Студијата покажала дека „деснораките се кралеви на улиците“ и се подобри возачи од нивните левораки колеги. Меѓутоа, левораките имаат поголеми шанси да го положат возачкиот испит „од прва рака“. Тие исто така почесто ги гребнуваат колите или имаат помали сообраќајни несреќи, пишува „Дејли мејл“.
Истражувачите установиле дека левораките лица можат да добијат 50 проценти повеќе казни за брзо возење, за непрописно паркирање и почесто се вклучени во потешки сообраќајни несреќи.
Околу 28 проценти од
левораките испитаници признале дека добиле казни за пречекорување на брзината, наспроти 19 проценти деснораки. Кога станува збор за казни за паркирање, односот е 26 проценти левораки наспроти 23 проценти деснораки.
„Но кога е во прашање возењето, најверојатно е дека автомобилите, знаците и патиштата, несвесно се приспособени во корист на деснораките“, вели психологот Беки Спелман.