На сите ни е одамна познато дека велосипедистите се најзагрозени учесници во сообраќајот.
Kaко што расте свеста за екологијата и како што напредува велосипедската инфраструктура во поголемите градови, пристапноста на велосипедистите до сообраќајот е значително зголемена. За жал, секој ден сме сведоци на голем број ситуации кога возачите на автомобили не посветуваат доволно внимание на безбедноста на велосипедистите, како да не ги сметаат за рамноправни учесници во сообраќајот. Но, и велосипедистите не внимаваат.
Експертите од компанијата „Континентал“ цврсто биле решени да го променат тоа, па затоа одлучиле да развијат систем што се базира на радар од 77 гигахерци што ќе го следи полето зад автомобилот, со акцент на десната страна. Ќе ги регистрира сите предмети што се движат на тоа поле со одредена брзина и навремено ќе го алармира возачот дека има велосипедист.
Системот што компанијата го развива посебно за автомобилската индустрија првично ќе биде достапен на списокот со дополнителна опрема, но наскоро ќе стане законска обврска. На пример, сличен систем ќе биде задолжителен во
камионите од 2022 година.