Само пет промени во начинот на живеење би можеле да влијаат на здравјето на мозокот долгорочно, правејќи го поздрав. Се работи за непушењето, вежбањето, намалувањето телесна тежина, намалувањето на внесувањето алкохол и здравата исхрана
Споменатите промени може да го намалат ризикот за појава на деменција за една третина. Ова го покажува едно истражување од „Age UK“, спроведено од Ијан Дери од Универзитетот во Единбург. Истражувањето се спроведувало триесет години.
За време на истражувањето, мажите на возраст од 45 до 59 години кои имале добри резултати во барем четири од петте категории имаат 36% помал ризик за когнитивно пропаѓање и 36% помал ризик за заболување од деменција.
„Иако сè уште нема лек, ниту начин за лечење на деменцијата, овие докази покажуваат дека постојат едноставни начини за намалување на ризикот“, вели Каролин Абрахамс од „Age UK“.
„Што е уште поважно, промените кои се потребни за нашиот мозок да остане здрав веќе се докажано добри и за срцето и целокупното здравје“, додава таа.