Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер се пронајдени живи во пештера во Тајланд, по девет дена од нивното исчезнување. Британските нуркачи успеале да воспостават контакт со момчињата, кои се наоѓаат длабоко во пештерата.
Тие биле пронајдени на околу два километра во пештерата и на околу еден километар под земјата. Планот на спасувачката екипа е да се испрати медицински тим и да се внесе воздух со пумпа, а потоа децата да се обучат како да нуркаат. Би можеле да поминат денови пред децата да бидат извадени од пештерата.
13. члена на младинскиот фудбалски тим заедно со нивниот тренер, по неколку мига откако биле пронајдени во внатрешноста на пештерата Там Луанг во паркот Кун Нам Нанг Нон, Тајланд/Фото: Shutterstock
Спасувачките тимови влегуваат во пештерата каде што 12. момчиња и нивниот тренер се заглавени/Фото: AP
Воен транспортен хеликоптер носи машина за дупчење/Фото: Sackhai Lalit
Спасувачкиот тим носи кислород во пештерата при спасувачката операција/
Фото: Pongmanat Tasiri
Топографска мапа со детали за локацијата, вклучувајќи ги влезот, насоката на водата, сувата земја итн./Фото: Penny Yi Wang
Момчињата во пештерата Там Луанг/Фото: Getty Images
Роднините на 12. момчиња и тренерот се молат за нивното спасување/Фото: Sakchai Lalit
Волонтери од мобилната кујна се одмараат во близина на пештерата Там Луанг/Фото: Getty Images
Тајландски војник стражари за време на спасувачката операција/Фото: Shutterstock
Спасувачот успеал да стигне до влезот на пештерата/Фото: Sakchai Lalit
Тајландските војници носат кабли во пештерата при спасувачката мисија/Фото: Shutterstock
Боци со кислород подготвени за нуркачите близу влезот на пештерата/Фото: Getty Images
Тимот на тајландска морнарица SEAL го истражува тунелот со вода во пештерата/Фото: Getty Images
Спасувачите носaт црева во пештерата за пумпање на водата/Фото: Getty Images
Tajландски работници носат цевки за вода за да се извлече водата од пештерата/Фото: Pongmant Tasiri
Роднина на момчињата покажува слика од 12. момчиња направена во 2017 година откако ги слушнала вестите дека
момчињата се живи/
Фото: Suwan Rumpha