Огромни „гробишта“ за такси-возила во Бангкок, кои биле оставени да 'рѓосаат поради мерките за спречување на ширењето на ковид-19, сега се вратени во живот. На покривот на автомобилите и во нивните хауби има мали градини за одгледување зеленчук со кој се хранат поранешните таксисти. На местото има и мали езерца направени од стари гуми во кои живеат жаби.
Околу 200 напуштени автомобили се оставени на паркинг на отворено во градот. Местото го поседува гаража за такси-возила, чии таксисти во голем број заминале од градот поради намален обем на работа.
Тајланд воведе строги мерки за да го спречи ширењето на ковид-19 во последните месеци, вклучувајќи и полициски час. Туристите, кои најмногу користеле такси во Бангкок, сега речиси ги нема поради строгите мерки.
Таксистите почнале да садат зеленчук во напуштените автомобили за да се прехранат. Тие планираат да го продаваат вишокот на локалните пазари.
Извор:
Euronews
Фото: YouTube/Printscreen