Паметните луѓе се одликуваат со карактеристики како љубопитност, добра смисла за хумор, флексибилност и отвореност кон нови знаења. Покрај тоа, имаат едно нешто заедничко што ги издвојува од просечните луѓе, а тоа е дека ќе кажат „не знам“ без никаков проблем доколку навистина се најдат во ситуација или проблем што не знаат да го решат.
Истражувачите Џастин Кругер и Дејвид Данинг објавиле истражување под наслов „Неквалификувани и несвесни за тоа: Како тешкотиите во препознавањето на сопствената неспособност водат до повисоко самооценување“, кое покажало дека помалку интелигентните луѓе ги преценуваат своите знаења и когнитивните вештини.
Експериментот бил спроведен меѓу средношколци кои по матурата требало да ги проценат своите способности во решавањето на задачите. Матурантите што тврделе дека одлично ја решиле матурата имале само мал точен дел од испитот, а нивните резултати се нашле меѓу најниските во генерацијата. За разлика од нив, матурантите со најдобри резултати го потцениле бројот на точно решени задачи.
Истражувачите велат дека
луѓето што ги преценуваат своите способност и вештини се соочуваат со два проблема - донесуваат одлуки врз основа на лажни тврдења и немаат способност да сфатат што прават погрешно.