„Фејсбук“ соопшти дека проблемот со споделувањето медија-фајлови е решен. Корисниците на услугите на компанијата констатираа дека не можат да испраќаат и да добиваат фотографии, видеоклипови и други фајлови на Фејсбук, Вацап и на Инстаграм.
- При рутинска операција за поддршка е создаден проблем од наша страна, и тоа е причина што некои корисници не можеа да ги користат целосно нашите платформи - соопштија од „Фејсбук“.
Тие не дадоа коментар дали ќе им вратат пари на компании што се рекламирале во периодот додека имало технички проблеми.
Извор: МИА