X
 26.04.2021 Технологија

Наскоро ќе можеме да заработуваме преку „Твитер“?

Џек Дорси и вработените во „Твитер“ постојано размислуваат за начините на кои можат да го зголемат бројот на корисници, но и да заработат од популарноста и моменталната голема корисничка база на мрежата. Меѓу потенцијалните нови опции веќе некое време се споменува можноста за правење групи за да може да се поврзат корисниците со исти интереси, како спорт, музика и слично, но и две опции благодарение на кои корисниците на оваа мрежа би можеле да почнат да заработуваат пари.

Една од тие опции се таканаречените суперследбеници, односно претплата на мрежа и профили со кои следбениците би добивале некаква ексклузивна содржина која не би им била достапна на оние што нема да ја плаќаат претплатата. Втората опција на твитерџиите би требало да им овозможи плаќање на лицата кои ги следат и им ја ценат работата. Благодарение на една корисничка на оваа мрежа, неделава дознавме како би требало да изгледа тоа давање бакшиш на твитерџии.

Кога ќе отворите нечиј профил на оваа социјална мрежа, лево од опцијата за следење, сандачето за пораки и трите точки со кои се отвораат нови опции, треба да ви се појави нов знак на банкнота и откако ќе кликнете на него ќе се појават неколку платформи преку кои може да им се плаќа на корисниците. Меѓу нив се апликацијата „Кеш Еп“, чиј извршен директор е шефот на „Твитер“, Дорси, потоа, Пејпал, Патреон, Венмо и Бендкемп.


Од „Твитер“ сè уште нема коментари за новите опции и не е познато кога би можела да се додаде новата опција на профилите, а не е познато ни дали таа ќе им биде достапна на сите или само на некои попопуларни и со поголем број следбеници.

Извор: B92
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија