X
 04.08.2023 Живот

Мал остров на Сејшелите е најмалиот национален парк во светот

Сејшелите се земја составена од архипелаг од 115 острови во близина на западниот брег на Африка. Позната по своите прекрасни води и богатите острови покриени со дрвја, оваа земја стана популарна туристичка дестинација во последните децении. Но, еден мал остров наречен Муајен останува оаза во рајот. Купен од ексцентричен Англичанец по име Брендон Гримшо во 60-тите години, островот бил внимателно конзервиран за да биде здрав и богат исто како Сејшелите пред туристичкиот бум. Од смртта на Гримшо во 2012 година, островот стана најмалиот заштитен национален парк.


Гримшо првпат ги посетил Сејшелите во 1962 година, во време кога многу африкански земји станувале независни. Тогаш Гримшо работел како новинар, но почнал да бара нова кариера. Купувањето остров изгледало како привлечен нов проект, но повеќето биле скапи. Речиси случајно тој го нашол Муајен, остров кој се простира на 9 хектари од северниот брег на најголемиот остров на Сејшелите, Махе. Тој го купил за 8.000 фунти и го започнал следното големо патување во својот живот.

Гримшо се спријателил со 19-годишниот жител Рене Антоан Лафортун и заедно го чистеле островот и саделе дрвја.

Денес островот може да се пофали со 16.000 дрвја, од махагони, палми до манго.


- Неговата визија беше да остави недопрен остров за идните генерации на Сејшелите и светот. Сакаше да создаде мини-Сејшели, пред да дојдат туристите - вели Сукету Пател, негов пријател.

Гримшо работел на создавање рај. Откако Сејшелите станале популарни меѓу туристите, тој добил понуда од 50 милиони долари за неговиот мал остров, но ја одбил. Во 2009 година, сфаќајќи дека нема кому да му го даде островот, Гримшо основал фонд со Министерството за животна средина на Сејшелите, и така островот станал дел од паркот Св. Ана.


Во најмалиот национален парк во светот се наоѓа гробот на Гримшо, кој починал во 2012 година и бил погребан покрај неговиот татко и двајца потенцијални пирати. Денес островот може да се пофали со мал ресторан и музеј.

Извор: ВВС
Фото: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот