X
 12.05.2021 Живот

Еве како „Гугл“ ги подготвува менаџерите за работа со нови вработени

Добрите работници градат добри компании, па затоа за секоја компанија е важно да ги привлече најголемите таленти, но и да им помогне на тие лица да го негуваат талентот. Од „Гугл“ спровеле повеќе анкети и експерименти за да развијат метод со кој ќе им помогнат на вработените да имаат добар почеток во фирмата.


Фото: Pixabay

Менаџерите во компанијата го користат методот за новите работници кој се состои од неколку точки.

1. Спојување на новиот работник со колега;
2. Помагање на новиот работник да создаде социјална мрежа;
3. Проверка на вработениот за процесот на вклопување во првите шест месеци;
4. Охрабрување отворен дијалог;
5. Средба со вработениот на првиот работен ден.


Фото: Pixabay
Менаџерите што го следеле методот предложен од компанијата имале вработени што побргу се вклопиле во работната околина во споредба со оние што не ги следеле препораките.

„Инк“ дополнително ги советува менаџерите што да им кажат на нововработените колеги на првиот ден. Меѓу другото, менаџерите треба да им ја објаснат вредноста на работата на новите вработени и клиентите со кои ќе работат новите лица. Се препорачува и поставување краткорочни цели, но и откривање на новото лице зошто било вработено.

Автор: Џеф Хејден
Извор: inc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот