Европската Унија (ЕУ) го одложила почетокот на примената на Европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), според кој патниците надвор од ЕУ ќе плаќаат 7 евра за влез.
ЕТИАС ќе започне да се применува од ноември 2023 наместо мај 2023, како што беше најавено, пренесува „Шенген виза инфо“.
Што е ЕТИАС?
ЕТИАС е
систем наменет за секој жител на земја надвор од ЕУ, а на која не ѝ треба виза за влез. Овој систем нема да биде за оние кои досега требале да вадат визи за влез во ЕУ.
Според него, жителите надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонците, ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини 7 евра. Пријавувањето ќе се врши со пополнување на краток онлајн-формулар и прикачување фотографија од пасош.
Извор:
Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay