Ноќните патувања со воз се враќаат во Европа. Австрискиот железнички оператор „Оебб“ ја претстави својата нова генерација возови за спиење како одговор на барањата на патниците за поодржливи и позелени алтернативи на авионите и автомобилите.
Во борбата против загадувањето на планетата, по неколкугодишно запоставување, сите превозници низ Европа инвестираат во модернизирањето на нивните флоти. Покрај тоа, нивните акции имаат цел да го популаризираат патувањето со воз, кое сите го опишуваат како едноставно и практично.
Државниот оператор, кој има 20 железнички линии низ Европа, беше пионер во заживувањето на новите туристички услуги. Оваа компанија ја има најголемата флота на вагони за спиење во Европа и се надева дека ќе го удвои бројот на патници што ќе патуваат ноќе до 2030 година.
Новите австриски возови се чист луксуз. Имаат модерен дизајн, нудат поголема приватност и повеќе содржини. Секоја кабина за две лица има сопствена бања со тоалет. Постојат и единечни кабини за патници кои патуваат сами и сакаат поголема приватност.
Новите возови ќе сообраќаат на релации низ Европа, од Австрија до Германија, Италија, Холандија и Швајцарија. И Франција ќе се поврзе со овие возови, а во најбрз можен рок ќе ги прошири линиите и кон другите делови на Стариот Континент.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik