X
 04.08.2023 Здравје

Што вели науката за врската помеѓу телефоните и ракот на мозокот?

Веројатно барем еднаш во животот сте слушнале дека зрачењето кое доаѓа од вашите мобилни телефони може да предизвика рак. Постои теорија дека честото користење на паметни телефони може да предизвика рак на мозокот, но досегашните истражувања не потврдиле солидна врска помеѓу овој вид зрачење и неговото штетно влијание врз мозокот.

Што покажале истражувањата?

Една неодамнешна 20-годишна студија од Тајван имала за цел да го истражи влијанието на мобилните уреди врз појавите и стапката на смртност од малигни карциноми на мозокот кај учесниците. Иако истражувањето покажало дека може да постои врска, доказите се слаби и не се премногу значајни. Трудот само покажува дека од 2000 до 2019, се зголемиле случаите на рак од мозокот и употребата на паметни телефони.

Студија од 2010 година во САД и мета-анализа од 2020 година на студиите за контрола на случаи на Универзитетот на Калифорнија во Беркли стигнале до сличен заклучок.

Предизвици со кои се соочиле истражувачите

Една од пречките што влијаеле на истражувањата е тоа што за 20 години технологијата многу се променила. Мобилните уреди денес се различни од оние пред 20 години, па затоа тешко е да се истражува врска помеѓу нивното зрачење и појавата на рак на мозокот. Освен тоа, некои тумори се развиваат 10-15 години, па тешко е да се утврди причината за појава во време кога технологијата се менува брзо. Истото станува збор и за врската помеѓу ракот и 5Г-мрежата.

Дали сепак треба да се заштитиме?

Иако сè уште не е пронајдена цврста врска помеѓу ракот на мозокот и зрачењето на паметните телефони, сепак постои добра причина да се разгледаат можните ризици и соодветно да се прилагоди нашето однесување. Сепак, овој тип на зрачење во студиите се наведува како потенцијално канцероген. Исто така, треба да се земе предвид дека младите и децата имаат сè потенки черепи, што претставува многу поголем ризик од развој на малигни тумори на мозокот. Покрај тоа, нивниот мозок сè уште се развива, поради што овој вид на зрачење може да биде поопасен за нив отколку за возрасните.

Иако не знаеме како нашите уреди влијаат на нашиот мозок, експертите сепак советуваат да ги држиме што подалеку од нашите глави. Покрај паметните телефони, тука се споменува и употребата на слушалки, блутуд-уреди и слични уреди кои зрачат во близина на нашата глава.

Исто така, користењето на овој тип на технологија пред спиење може да има негативни ефекти врз квалитетот на сонот, што влијае на целокупното здравје. Светлината од екранот на телефонот, таблетот или компјутерот може да влијае на квалитетот на спиењето.

Извор: Kreni zdravo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје