X
 04.09.2019 Наука

Астрономи првпат забележаа астероид што ја менува бојата

Астероидот 6478 Голт првин привлече внимание поради ретката двојна опашка од прашина која се појавуваше зад него, но сега тој има ново изненадување за астрономите - ја менува бојата.

Никогаш порано не било забележано астероиди да менуваат бои како овој, додека се под опсервација во реално време. Во случајот на 6478 Голт, црвеникавата боја ѝ отстапува место на свежата сина нијанса во блискиот инфрацрвен спектар, како што е фатено од страна на ИРТФ-телескопот на НАСА на Хаваите.

Експертите мислат дека ова се случува бидејќи прашестиот екстериер на астероидот се лупи од постојаното патување низ вселената и промената на бојата се случува брзо.

- Тоа беше многу големо изненадување. Мислиме дека бевме сведоци на тоа како астероидот ја губи црвеникавата прашина во вселената и ги видовме скриените свежи сини слоеви - истакна астрономот Мајкл Марсет од МИТ.

Кометите се познати по нивните опашки кои испаруваат зад нив како што мразот се топи од страна на Сонцето. Тоа не е случај со астероидите. Овие карпести или метални тела се формирале поблиску до Сонцето во потопли услови, па нема многу останат мраз за топење.

За 6478 Голт да има не една, туку две опашки, мора да се случува нешто друго. Истата студија што ја забележала промената на бојата го потврди и карпестиот состав на објектот.

Се смета дека и невообичаеното формирање на опашки и промената на бојата се предизвикани од брзото вртење (околу едно вртење на секои два часа) и центрифугалната сила која ја генерира.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука