X
 04.09.2019 Наука

Најинтересните профили за наука што треба да ги заследите

Тимот за социјални медиуми во Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) стана многу популарен откако луѓето открија колку е добар профилот на ЦЕРН на „Инстаграм“. Но, зошто ЦЕРН да биде најпопуларен? Ако сакате да внесете малку наука во вашиот инстаграм-свет, имаме неколку вредни кандидати - сè од далечините во вселената до микроскопски занимливости.

Без некаков редослед, еве некои од нашите омилени научни профили на „Инстаграм“:

1. Monterey Bay Aquarium

Ако ги сакате морскиот живот и инспиративните приказни на океанот, профилот на аквариумот во заливот Монтереј е дефинитивно профил кој треба да го заследите.


Аквариумот се наоѓа во Калифорнија и врши извонредна работа кога станува збор за локалните морски жители, а придонесува и во напорите за конзервација на птиците, рибите и другите животни.

2. Nikon Instruments

Овој профил има помалку следбеници, но многу шарм. Ова е одделот за микроскопија на „Никон“, кој ќе биде рај за вашите очи ако сакате да гледате под микроскоп.


3. NASA (сите профили)

Да бидеме реални, НАСА е одлична во соопштувањето на она што го работи. Астрономи, роботи, сателити, опсерватории - сите овие категории имаат одлични профили на „Инстаграм“.

Ако сакате неверојатни снимки од вселената, одете на NASA Chandra X-ray Observatory.


Ако сакате фотографии и приказни за нашата клима и околината, одете на NASA Earth Observatory.

View this post on Instagram

Raikoke Erupts 🌋 . Unlike some of its perpetually active neighbors on the Kamchatka Peninsula, #Raikoke #Volcano on the Kuril Islands rarely erupts. The small, oval-shaped island most recently exploded in 1924 and in 1778. 🗻 The dormant period ended around 4:00 a.m. local time on June 22, 2019, when a vast #plume of ash and volcanic gases shot up from its 700-meter-wide crater. Several satellites—as well as astronauts on the #InternationalSpaceStation—observed as a thick plume rose and then streamed east as it was pulled into the circulation of a storm in the North Pacific. 👨‍🚀 On the morning of June 22, #astronauts shot a photograph (above) of the #volcanicplume rising in a narrow column and then spreading out in a part of the plume known as the umbrella region. That is the area where the density of the plume and the surrounding air equalize and the plume stops rising. The ring of clouds at the base of the column appears to be water vapor. ☁️ “What a spectacular image,” said Simon Carn, a volcanologist at Michigan Tech. “The ring of white puffy clouds at the base of the column might be a sign of ambient air being drawn into the column and the condensation of water vapor. Or it could be a rising plume from interaction between magma and seawater because Raikoke is a small island and flows likely entered the water.” 🏞️ After an initial surge of activity that included several distinct explosive pulses, activity subsided and strong winds spread the ash across the Pacific. By the next day, just a faint remnant of the ash remained visible to a NASA satellite instrument. 🛰️ Since ash contains sharp fragments of rock and volcanic glass, it poses a serious hazard to aircraft. The Tokyo and Anchorage Volcanic Ash Advisory Centers have been tracking the plume closely and have issued several notes to aviators indicating that ash had reached an altitude of 13 kilometers (8 miles). Meanwhile, data from the CALIPSO satellite indicate that parts of the plume may have reached 17 kilometers (10 miles). ✈️ See more imagery (link in bio): go.nasa.gov/2ZRwCiV

A post shared by NASA Earth Observatory (@nasaearth) on


Тука се и Kennedy Space Center, Goddard Space Flight Center, Jet Propulsion Laboratory и International Space Station Instagram, профил кој треба да напоменеме дека не е само за работата на НАСА, туку опфаќа голем дел од неа.

Здраво, вселено!

4. ZooBorns

Да, се враќаме кај животните. И тоа најубавите - бебињата. На овој профил можете да видите мали животни од најдобрите зоолошки градини во целиот свет.


5. ScienceAlert

Една од најпознатите страници на интернет кога станува збор за науката има и профил на „Инстаграм“. Таму се споделуваат фотографии поврзани со различни полиња од науката, па ако барате добар профил за наука, ова е тоа што треба да го заследите.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука