X
 21.11.2018 Технологија

„Инстаграм“ презема мерки против лажните профили

„Инстаграм“ ќе преземе мерки против лажните профили и против корисниците што вештачки го зголемуваат својот број на следбеници на оваа социјална мрежа.

 - Од денеска почнуваме со отстранување на неавтентичните лајкови, следења и коментари направени преку апликации од трета страна, со цел зголемување на популарноста - се истакнува во соопштението на „Инстаграм“.

Слична акција претходно имаше и „Фејсбук“, при што беа избришани над 750 милиони лажни профили.

„Фејсбук“, инаку, ја поседува платформата „Инстаграм“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија