Откако минатата недела ги објави листите на примени бруцоши во студентските домови во Скопје, Министерството за образование и наука денеска ги објави и листите со примени студенти-бруцоши во студентските домови во Штип, Битола, Прилеп и Охрид.
-Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје), заклучно со 8 октомври 2021 година - соопштија од МОН во петокот.
ТУКА можете да ги видите листите на примени бруцоши во студентските домови во Скопје, а
ТУКА листите на примени студенти во студентските домови во Штип, Битола, Прилеп и Охрид.
Фото: архива