X
 12.01.2024 Економија

Хрватска општина продава куќи за 30 евроценти

Општината Леград во Хрватска веќе пет години продава недвижности за една куна, односно денешни 30 евроценти. Оваа политика почнала да дава позитивни резултати.

Уште од 2018 г. општината се обидува да ја поправи својата демографска слика со својата политика „куќа за една куна“ и други мерки за решавање на станбеното прашање за младите семејства.

Градоначалникот Иван Саболиќ вели дека мерките се позитивни, но сепак морталитетот е поголем од наталитетот. Тој се надева дека негативниот тренд ќе забави бидејќи сè повеќе млади семејства остануваат во општината, а таму се доселуваат и оние од соседните општини и подалеку. Како доказ дека работите одат на подобро, тој го наведува фактот дека се работи на проширување на градинката во општината. Тој открива и дека освен куќите, во општината се продава и градежно земјиште, иако интересот за земја е помал отколку за куќа.

Услов за купување е да се работи за пар на возраст до 45 години, да не бидат казнувани и да немаат решено станбено прашање. Дополнителни поени се добиваат доколку лицата имаат дефицитарни професии и имаат деца. Досега околу 50 семејства ја искористиле оваа мерка, а во општината се доселиле нови 120 луѓе.

Самболиќ вели дека општината продолжува со продажбата на куќи за 30 евроценти. Тој се надева дека наскоро ќе се одржи натпревар за продажба на недвижности за да се зголеми интересот на купувачите.

Извор: Feniz magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија