Запознајте ја Маргарет Дилон, 86-годишна жена која дoкажува дека годините се само бројка.
Оваа прабаба од Мидлсброу, Англија, неодамна се врати од прославата за бракот на нејзината внука Зои Фергусон и сопругот Марк, која се случувала на Ибица.
За време на престојот на овој шпански остров, нејзината фотографија на која позира со познатиот Британец Вејн Линекер на плажата Оушн стана вирална на „Инстаграм“.
Маргарет вели дека ќе живее 200 години и дека едноставно го сака животот.
Извор:
ВВС
Фото: Screenshot/BBC