Куче неодамна ѝ го спасило животот на една жена која размислувала да изврши самоубиство на мост во Велика Британија. Тригодишниот Дигби е куче-терапевт. Пожарникарите го донеле на мост на кој се обидувале да спречат жена да си го одземе животот.
Како што пренесуваат медиумите, полицијците прво се обиделе да ја смири жената, но не напредувале, па потоа еден пожарникар предложил да го донесат Дигби, кој се користи за смирување на трауматизираните луѓе.
Жената на мостот се насмеала веднаш штом го видела Дигби и ја свртела главата, по што пожарникарите започнале да зборуваат со неа за Дигби и неговата работа. Жената наскоро побарала да му пријде на Дигби и да се тргне од мостот, а итните служби прифатиле.
Оваа приказна била споделена на „Твитер“ од страна на службата во која работи Дигби. Дигби обично им помага на пожарникарите на тераписките сеанси.
Извор:
DDL
Фото: Twitter