Во светот можеби не постоела повлијателна иновација од „ајфонот“. Уште од првото демо на Стив Џобс беше јасно дека овој уред ќе го промени светот. Но, работите можеби ќе беа поинакви ако телефонот се искршеше и се запалеше на сцена – а тоа за малку и ќе се случело.
Светот првпат се запозна со „ајфонот“ во 2007 година кога Стив Џобс ја демонстрира неговата моќ во живо на сцена на „Макворлд Експо“. „Ајфонот“ не беше првиот паметен телефон, но имаше способности за многу поголеми активности од неговите претходници - лесен беше за употреба, што во тоа време беше најголема предност. Додека Џобс се движел на револуционерната презентација, покажал точно што прави со моделот на телефонот во својата рака. Освен што, тоа всушност не се случило. „Макворлд 2007“ пропадна 6 месеци пред „ајфон“ да излезе на пазарот, а во тоа време телефонот беше повеќе мода отколку функционалност. Во 2013 година инженерот Енди Гринјон открил точно колку непредвидлив и опасен бил уредот. Можело да се пуштаат видеа и музика, но не без да падне системот. Можело да се испраќа имејл и да се сурфа без проблем, но при обидот за вршење на овие задачи во обратен редослед работите не би биле баш сјајни.
Исто така, имало проблем и со меморијата. Апликациите биле нови и големи. Ако повеќе апликации биле отворени истовремено, на телефонот ќе му недостигала меморија и ќе морал да биде повторно рестартиран. Џобс ја вежбал презентацијата стотици пати, па се поставува прашањето како презентацијата поминала толку добро? Одговорот е дека ја лажирал. Инженерите тоа го нарекуваат „златната патека“ – специфичен сет на задачи, изведени во специфичен ред и начин, кои прават уредот да изгледа целосно функционален. Трикот со имејлот пред сурфањето, за меморијата биле користени различни телефони, односно секојпат кога меморијата на едниот ќе завршела, тој земал друг телефон.
Џобс исто така потпишал договор со „AT&T“, единствената компанија која го поддржувала „ајфонот“ тогаш, па презентацијата се одвивала многу брзо. Телефоните цело време на дисплејот покажувале квалитетна конекција, без разлика дали конекцијата била комплетна. Несомнено дека
Џобс реализирал брилијантна стратегија, но и недоволна. Сепак, функционирала, а што е најинтересно, функционирал и телефонот, по 6 месеци.