X
 04.11.2021 Живот

Календар на сите астрономски настани на ноќното небо во ноември

Што нуди ноќното небо овој месец? Доколку небото е ведро, а светлосното загадување минимално, ова се настаните во кои ќе можеме да уживаме во текот на ноември:

4 ноември - Млада Месечина.

5 ноември - Уран ќе биде во опозиција во соѕвездието Овен. Планетата се наоѓа на спротивната страна на Земјата во однос на Сонцето. Речиси во исто време ќе биде најблиску до Земјата. Ќе биде видлива од 18:19 до 4:21 часот и ќе биде со магнитуда од 5,7 степени. Сепак, најдобро е да користите двоглед.

8 ноември - Конјункција на Месечината и Венера во соѕвездието Стрелец. Месечината ќе помине на 1°06′ северно од Венера. Магнитудите на Месечината и Венера ќе бидат -10,8 и -5,5. Месечината ќе биде стара четири дена, а Венера многу светла. Вистинско време за набљудување на оваа планета.

8 ноември - Кометата 67П/Чурумов-Герасименко на 0,42 АЕ од Земјата. Ќе може да се набљудува со телескоп. Магнитуда 8,3.

10 ноември - Конјункција на Месечината и Сатурн во соѕвездието Јарец. Месечината ќе мине на 4°06′ јужно од Сатурн. Магнитудите на Месечината и Сатурн ќе бидат 11,7 и 0,4.

11 ноември - Месечината ќе влезе во првиот квартал.

nokno nebo
Фото: Freepik

11 ноември - Конјункција на Месечината и Јупитер во соѕвездието Јарец. Месечината ќе мине на 4°21′ јужно од Јупитер. Магнитудите на Месечината и Јупитер ќе бидат -12,0 и -2,4. Осветленоста на Јупитер ќе опаѓа.

12 ноември - Максимален метеорски рој на Северните Тауриди, активен од 20 октомври до 10 декември.

17 ноември - Максимумот на метеорскиот рој Леониди ќе биде активен од 6 до 30 ноември. Матичното тело е кометата 55П/Темпл-Татл, а радијантот е во соѕвездието Лав.

17 ноември - Расфрлано ѕвездено јато М45, или Плејади, во поволна положба за набљудување во соѕвездието Бик. Ќе може да се набљудува со голо око бидејќи магнитудата ќе му боде 1,6. Ќе кулминира во 23:38 часот на надморска височина од 69° над јужниот хоризонт.

19 ноември - Полна Месечина.

19 ноември - Делумно затемнување на Месечината кое нема да биде видливо за нас бидејќи ќе се случува кога Месечината ќе биде под нашиот хоризонт.

27 ноември - Планетоидот Церера ќе биде во опозиција во соѕвездието Бик. Планетоидот ќе се наоѓа на спротивната страна на Земјата од Сонцето. Со магнитуда од 7,2, за набљудување ќе биде потребен минимален телескоп.

27 ноември - Месечината ќе биде во последниот квартал.

Извор: Nationalgeographic.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот