X
 11.09.2023 Наука

Дали некогаш сте виделе ѕвезда што паѓа? Еве како настанува

Дали некогаш сте виделе ѕвезда што паѓа и сте си замислиле желба?

Всушност, тоа се метеори, односно зрна космички песок. Овие метеори, со брзина од десетици километри во секунда, влегуваат во Земјината атмосфера, согоруваат и зад себе оставаат блескава трага.

Во одредени периоди од годината може да видите голем број метеори на небото. Овие настани се нарекуваат метеорски дождови и се случуваат кога Земјата минува низ остатоци од комета додека орбитира околу Сонцето.

 
На овие дождови им се дадени имиња врз основа на соѕвездието од кое се претпоставува дека потекнуваат. Но, важно е да знаете дека метеороидите (а со тоа и метеорите) не потекнуваат од соѕвездијата или од која било од ѕвездите во соѕвездијата. Едноставно се чини дека доаѓаат од тој дел на небото поради начинот на кој Земјата се среќава со честичките кои се движат по патеката на орбитата на кометата.

Поврзувањето на името на метеорскиот дожд со регионот на небото од кој се чини дека потекнува само им помага на астрономите да знаат каде да ги бараат.

Метеорски дожд можеме да видиме речиси секоја вечер, а особено се познати Персеидите, кои се сметаат за најубавиот метеорски дожд во годината.

Овој метеорски дожд, познат и како „Солзите на свети Лоренс“, својот врв го достигнува обично на 12 и 13 август.

Извор: Srednja.hr/NASA
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука