Еден од најпознатите готвачи, Нусрет Гокче, бара нов готвач за својот раскошен лондонски ресторан, а поради платата што ја нуди, успеа да изнервира многу луѓе. Саатницата за готвач во престижниот ресторан би изнесувала колку и порција пире од компири.
Ресторанот „Нуср-Ет Стекхаус“ во Најтсбриџ е во сопственост на Нусрет, а неговите кулинарски вештини му донесоа повеќе од 38 милиони следбеници на „Инстаграм“ од 2017 година.
Нусрет бара готвач кој ќе му се приклучи на синџирот ресторани во Велика Британија, но нуди само 16 долари на час заедно со бакшиш, колку што е цената на пире од компири или слатка пченка во овој ресторан.
Во огласот за вработување се бара искусен готвач кој ќе биде задолжен за одреден дел од ресторанот. Огласот наведува дека успешниот ресторан ќе работи со некои од најдобрите состојки од Велика Британија и странство во еден од најпознатите ресторани во светот.
- Ќе играте витална улога во голем тим и ќе го поддржувате главниот готвач. За кандидатот, Нусрет нуди високо конкурентна плата и одлични можности за глобален развој на кариерата - се наведува во огласот.
Неодамна на интернет се појавија сметки од ресторанот, а високите цени изненадија многумина. Имено, цената на бифтек изнесувала 800 евра.
„Салт Бае“ моментално има 17 ресторани во својот успешен синџир и има многу познати обожаватели, вклучувајќи ги и Леонардо ди Каприо и Дејвид Бекам.
Извор:
Noizz.rs
Фото:
Instagram