X
 04.11.2022 Живот

Нацрт-одлука за воспоставување електронски систем за олеснување на управувањето со царинскиот ризик договорена на техничко ниво меѓу ЦЕФТА-страните

Воспоставувањето на електронски систем за олеснување на управувањето со ризикот за трговијата со стоки меѓу царинските управи на ЦЕФТА е голем чекор напред за намалување на заканите кои произлегуваат од необезбедената трговија

Управувањето со царинскиот ризик е од големо значење за систематско идентификување на ризикот и спроведување на мерките потребни за олеснување на легитимната трговија, ограничување на изложеноста на ризик и подобрување и рационализирање на контролите. Царинските управи од економиите на ЦЕФТА, на техничко ниво, се согласија за нацрт Одлуката за воспоставување електронски систем за олеснување на заедничкото управување со ризикот за меѓусебна трговија со стоки. Тие се состанаа во Будва, Црна Гора, за да обезбедат заедничко разбирање на техничките аспекти на размената на податоци корисни за управувањето со царинскиот ризик во регионот.



Имплементацијата на Одлуката ќе помогне во дефинирањето и примената на регионален пристап за заедничко управување со ризици. Ваквите подобрени системи за управување со ризици ќе го подобрат таргетирањето на високите ризици, ќе го забрзаат царинењето и ќе го подобрат квалитетот на царинската контрола. Подобреното управување со ризик бара зајакнување на соработката со другите гранични агенции за да се забрзаат граничните формалности во корист на компаниите.



Додека царинските управи на повеќето ЦЕФТА страни имаат одредено ниво на управување со ризик, другите гранични агенции сè уште заостануваат во однос на расположливите капацитети и алатки, што често резултира со долги, повеќекратни и последователни инспекции. Исто така, размената на информации поврзани со ризикот меѓу царинските управи на ЦЕФТА се уште е во многу рана фаза. Откако ќе биде усвоена, оваа Одлука ќе го отвори патот за воспоставување База на податоци за неправилности за управување со ризици и размена на податоци за ЦЕФТА профилите за ризик, ЦЕФТА брзите царински предупредувања и извештаите од ЦЕФТА инспекцијата.




Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ), во име на Европската комисија и германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) е задолжен за спроведување на проектот „Поддршка на регионалната економска интеграција“. Проектот има цел да обезбеди поддршка на структурите на ЦЕФТА во нивните напори за понатамошно продлабочување на регионалната економска интеграција и усогласување со правото на ЕУ. Во областа „Интегрирано управување со ризик“, проектот ќе обезбеди поддршка на структурите на ЦЕФТА за спроведување на обврските кои произлегуваат од Стратешкиот план на царинската управа за управување со ризик 2020-2024 година и Стратешката мапа.



ГИЗ Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот