X
 04.11.2022 Забава

Видео покажува дека цел живот погрешно сме ја играле „Супер Марио“

Не постои погрешен начин на играње на видеоиграта „Супер Марио“. Скокате, трчате и одвреме-навреме убивате желки.

Она што е специфично за оваа видеоигра е што нема лозинки за одредени нивоа и не може да се сними напредокот. Така, доколку умрете на едно од 32. нивоа, играта ве враќа на почетокот. Меѓутоа, изгледа дека сепак постои опција да се смени ова.

Во видео објавено на „Тик-ток“ се открива тајна опција која функционира со секоја верзија на оригиналната игра.

Следниот пат кога ќе ги изгубите сите животи, играта ќе ве врати на почетниот екран, а вие треба да го држите копчето А и потоа да одберете „Старт“. Играта ќе ве врати на првото ниво од светот во кој сте умреле наместо на самиот почеток.

@retrogamingonline How did I not know this??! #retrogaming #retrogamer #retrogamingontiktok #videogames #nintendo #90skids #nostalgia #retrogames #80s #mario #mariobros #nes ♬ original sound - RetroGamingOnline


Извор: Idesh
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава