Покрај традиционалните причини за развод, како неверство или зависност од дрога, алкохол и коцкање, се појави нова и сѐ почеста причина - „Фортнајт“.
Играта што е прогласена за најзаразна дигитална игра некогаш смислена сѐ повеќе се споменува како причина за развод на браковите, укажува компанијата „Диворс онлајн“, која дава услуги за бракоразводни парници. Од јануари оваа година биле поднесени 200 барања за развод на бракови во кои главна причина за разводот се наведуваат „Фортнајт“ и други онлајн-игри.
- Зависноста од дрога, алкохол и коцкање често се наведува како причина за разделување на брачните врски, но дигиталната револуција донесе нови зависности. Тие вклучуваат онлајн-порнографија, онлајн-гејминг и социјални мрежи, па не е чудно што сѐ поголем број луѓе имаат проблеми со емоционалните врски поради својата дигитална зависност - изјави портпаролот на компанијата.
- Овие бројки претставуваат 5 отсто од 4.665 барања за
развод што ги добивме од почетокот на годината - додаде тој.