X
 14.08.2018 Технологија

Како да проверите колку време поминувате на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“?

Најновата функција на популарните социјални мрежи им овозможува на корисниците едноставно следење на нивните онлајн навики и навремено интервенирање доколку се фатат себеси дека поминуваат премногу време на „Инстаграм“ и на „Фејсбук“.

За најлесно да дознаете колку време минувате на социјалните мрежи во сопственост на „Фејсбук“, ќе морате да ги инсталирате нивните мобилни апликации. Значи можете да измерите само колку време минувате на социјалните мрежи, но само на вашите телефони.

Ако сте меѓу корисниците кои секако минуваат голем дел од своето време на телефонот, односно на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“, со оваа метода можете да дознаете колку сте зависни од популарните социјални мрежи.

За да видите точно колку време минувате на „Фејсбук“, одете во Поставки, а потоа во Вашето време на „Фејсбук“. Ако сакате истото да го направите на „Инстаграм“, одете во Поставки, а потоа во Ваша активност. Доколку не можете да ја видите опцијата, тоа е затоа што сѐ уште не е достапна за сите.

Откако ќе добиете пристап до функцијата, би требало да можете да видите колку точно време секој ден минувате на социјалните мрежи. Исто така, можете да ограничите колку време смеете да потрошите на нив, а апликацијата ќе ве предупреди ако го надминете даденото време.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија