X
 20.01.2017 Образование

Планот на Финците да го унапредат образованието во наредните 100 години

Во рамките на стогодишнината од независноста, Финска создаде проект кој сака да го сподели со другите земји, а со кое нејзините училишта работат совршено.

Станува збор за храбриот проект наречен „ХандрЕД“ чија цел е подигнување на нивото на образование и поттикнување на креативноста. Проектот започна во Финска, а сега има поамбициозни амбиции - проширување и во другите земји.

Иницијативата започна во 2015 година кога програмата ги повика училиштата и наставниците да ги споделат своите идеи за експеримент кој ќе се организира во училиштата ширум државите во период од една година. Се пријавиле преку 700 училишта, а беа избрани најсоодветните за пробниот период. Сè беше ригорозно документирано, испитано од платформата „ХандрЕД“, а едукаторите можеа да пристапат до овие документи во секој момент.

„ХандрЕД“ проектот го поддржува процесот за реконструкција на наставната програма во Финска и им дава право на наставниците да бидат катализатор за промени во училиштето.

Човекот кој стои позади проектот е Саку Тауоминен и во последните три години управува со оваа платформа. Тој има 25 години искуство во образованието и ја објаснува неговата визија: „Нашата цел е да станеме експерти во светот кои ќе знаат што функционира во образовниот свет и какви идеи можеме да рашириме“.

Вели дека не недостасуваат иновации во овој сектор, но недостасува начин на кој овие идеи би можеле да се презентираат и продаваат за да бидат достапни за сите и за да се прошират.

„Сакавме секој професор на светот, без разлика дали е од Манчестер, Бангладеш, Сан Франциско или Сингапур, да ја сфати нашата идеја и да му бидат достапни сите најдобри образовни материјали. Целта е да се препознаат иновациите“, вели Саку.

Многу експерти сметаат дека финскиот образовен систем е најдобриот во светот.

„Светот се менува па и образованието треба да се промени, иако ова не е лесна задача. Насекаде низ светот образованието се кочи, во државите, градовите, училиштата. Комплицирано е да се направат промени. Работата е во тоа што моментално се создаваат доста креативни идеи, но малку се слуша за нив. Нашата мисија е да ги препознаеме, документираме и спакуваме во едноставен модел кој ќе биде достапен за сите“, вели тој.



Првите сто идеи се при крај. Оваа пролет ќе бидат евалуирани, подобрени и вметнати во „HundrED“ платформата. Слично ќе се случи и на меѓународен план.

Крајниот резултат е 100 фински идеи и 100 меѓународни идеи во базата на податоци и на таков начин наставниците би можеле да ги пребаруваат најдобрите иновации на одредени подрачја.

Платформата ќе биде целосно бесплатна.

Пријавете го вашиот проект

„ХандрЕД“ е меѓународен проект на кој може да се пријават училиштата, професорите и учениците од целиот свет. Подетално за проектот можете да дознаете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование