X
 04.12.2019 Живот

Начинот на кој одите го открива вашиот карактер

Облеката што ја носите, начинот на кој чекорите, тонот на вашиот глас, вашиот говор на телото, музиката што ја сакате и вашето хоби кажуваат многу за вашиот карактер.

Сè што е поврзано со некоја личност покажува различни делови од нејзиниот карактер и ако имате познавање од ова психолошко набљудување ќе ви помогне да видите работи што не сте ги виделе порано. На пример, вашиот од не само што го изразува вашиот карактер, туку и вашето моментално расположение.

Ако се чувствувате среќни, вашиот од ќе биде поенергичен и брзината на чекорите ќе се зголемува. Кога луѓето се чувствуваат полни со самодоверба, тие се движат со големи чекори, дури и поттрчнуваат.

Некои луѓе прават голем притисок врз земјата при чекорењето, но не поради тежината, туку поради нивната упорност во животот. Упорните луѓе обично се движат со тешки чекори, силно газејќи на површината. Упорноста е добар знак, но сепак вреди да се знае дека овој вид од исто така може да биде недостиг на флексибилност.

Некои луѓе се движат бавно, влечејќи ги нозете зад себе, исто како да немаат доволно енергија за да се движат нормално. Недостигот на енергија обично изразува тажни чувства или депресија, но исто така асоцира на страв и несигурност во иднината.

Одењето со рацете в џеб е знак дека не сте задоволни со вашата самодоверба или со облеката што ја носите.

Ако вашата глава е крената нагоре додека одите, значи дека сте добро расположени, додека главата надолу најчесто значи дека не се чувствувате добро.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот