Научно е докажано дека домашните животни можат позитивно да влијаат врз нашето расположение, а контактот со домашно милениче има здравствени и социјални придобивки. Но, истражувањата покажуваат и дека луѓето обично избираат животно врз основа на нивниот карактер.
Неверојатно е колку често љубителите на животни се делат на оние кои преферираат мачки и оние кои не можат да го замислат животот без куче. Но, иако тие се најчестиот избор при изборот на домашно милениче, луѓето со различни карактери избираат нешто друго.
Куче
Ако го обожавате вашето куче и уживате во секоја минута помината со него, тоа значи дека сте искрена, љубезна и отворена личност. Вие сте исто така поекстровертни од луѓето кои претпочитаат мачки, посовесни и честопати позабавни во друштво. Сакате авантура и секогаш барате нешто различно во вашиот живот.
Мачка
Луѓето кои сакаат мачки спаѓаат во категоријата креативни личности кои уживаат во различни активности. Како сопственик на мачка, можеби сте повеќе склони кон невротичност и анксиозност. Вашиот добар квалитет е тоа што знаете да слушате, но тоа ве прави и емотивно почувствителни. Љубителите на мачки се прилично интровертни и сакаат да ги кршат правилата.
Птица
Како човек кој сака птици, вие сте многу друштвени и уживате во друштвото на луѓе - колку е поголема толпата, толку подобро се чувствувате. Обично сте поизразени и тешко ги задржувате емоциите и мислите за себе. Љубителите и сопствениците на птици исто так, имаат силни личности и можат да бидат многу доминантни.
Рептил
Јасно е дека сте прилично уникатни како љубител на гуштери, змии и слични животни, а сакате и да бидете независни. Како што вашите миленици не дозволуваат да бидат галени, така и вие тешко прифаќате кога другите се грижат за вас. Го сакате вашиот простор и избегнувате премногу внимание. Од друга страна, вие сте помалку хумористични и имате тенденција да ги анализирате работите. Луѓето често го забележуваат вашиот ексцентричен стил.
Водно животно
Сопствениците на желка или риба, во општеството се познати по најдобрата смисла за хумор, а притоа навистина сакаат да ги насмеат луѓето околу себе. Обично се многу оптимистични и материјалните работи не им значат многу.
Извор: net.hr
Фото: Freepik