Државниот совет на Кина објави дека земјата ќе развие „систем за модификација на времето“ до 2025 година со кој ќе може да се создаваат вештачки врнежи на дожд на површина од околу 5,5 милиони квадратни километри.
Како што се вели во соопштението од советот, Кина ќе развие
систем за модификација на времето за кој ќе бидат спроведени истражувања во клучни технологии. Системот би достигнал напредно ниво во однос на работењето, технологијата и услугите до 2035 година.
Целта на системот е да се прават процени за природни несреќи како суши и град, да се нормализираат плановите за работа за региони кои треба да бидат заштитени и обновени на еколошко ниво и да се реагира на настани како големи пожари, како и необично високи температури и суши. Допрва ќе се испитува каков ќе биде крајниот резултат од овој систем.
Меѓутоа, ова не е првпат Кина да експериментира со модификација на времето. За време на Олимписките игри во Пекинг во 2008 г. земјата користела технологија за да го намали дождот за време на отворањето на игрите. Ова било направено со растерување супстанции во воздухот кои ги приближуваат облаците едни до други.
Автор: Лукиа Пападопулос
Извор:
interestingengineering.com