Како што веројатно знаете, Марс е неплодна и сува планета. Земјата, пак, има многу вода. Понекогаш овие две многу различни планети наоѓаат заедничка основа под светлината на Сонцето. Роверот „Кјуриосити“ на НАСА неодамна направи прекрасна фотографија на која се гледа како се раѓа зората низ кратерот Гејл.
Даг Елисон, научник од НАСА кој ја направил фотографијата со помош на роверот, на својот твитер-профил напиша дека ова е една од најубавите слики што имал среќа да ги направи.
Елисон на „Твитер“ се опишува себеси како „фотограф на Марс“.
- Работам со научниот тим и возачите на роверот за да се уверам дека фотоапаратите на возилото се насочени правилно - изјави тој.
„Кјуросити“ ја направил оваа слика во саботата и тоа со помош на десните навигациски камери. На сликата се гледа Сонцето како се издигнува над самиот раб на сликата.
Она што оваа
фотографија ја прави посебна е нејзината сличност со пејзажите што често ги гледаме на Земјата - особено во пустинските предели.
Фото: NASA