X
 04.12.2020 Живот

Шпанија размислува да воведе четиридневна работна недела

Шпанската влада размислува за воведување четиридневна работна недела, односно скратено работно време, за да не дојде до пад на вработеноста.

Пабло Иглесијас, лидер на левичарската партија „Унидас Помедос“, вели дека владата го разгледува предлогот за скратени работни часови со цел да се поттикне вработувањето.

Идејата за пократка работна недела со години се дискутира низ целиот свет, но пандемијата на коронавирусот и нејзиното влијание врз вработувањето и работниците поттикна многумина да размислуваат за економијата и социјалните структури.

Многу компании во текот на пандемијата ги испратија работниците на принудни одмори, а некои дури и отпуштиле голем дел.

Предлогот за промената на работната недела во Шпанија владата ќе го претстави во рамките на социјалниот дијалог со синдикатите и здруженијата на работодавци.

Извор: Blic.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот