Од 1 јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, организациите и земјоделските стопанства кои досега работеа пет дена во неделата.
Според законот кој беше донесен во септември 2023 година, дополнителниот работен ден не смее да трае подолго од осум часа и на тој ден не е дозволена прекувремена работа.
Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја почитуваат фирмите и фармите чија работа не е континуирана, односно досега не работеле пет дена во неделата.
Што се однесува до ограничувањата, работникот во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите или фармите да имаат петдневна ноќна смена (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден не смеат да работат ноќна смена.
Изменетиот закон за работни односи не само што предвидуваше шестдневна работна недела, туку овозможи работниот ден да трае најмногу 13 часа, за да се легализира комбинацијата на постојана и дополнителна работа, што многумина го практикуваат.
Оваа реформа на законот за работни односи ги поттикна критичарите да се потсетат на Европската директива за работно време, според која вработените не треба да работат повеќе од 48 часа во период од седум дена, вклучувајќи ги и прекувремените часови.
Новиот закон беше донесен цела деценија подоцна, бидејќи меѓународните кредитори побараа од земјата да воведе шестдневна работна недела за да се излезе од економската криза. Грците на референдумот во 2015 година убедливо кажаа „не“ на пакетот мерки предложени од кредиторите.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik