X
 04.12.2022 Живот

Се сеќавате на хитот „Hey Ya!“ oд 2003 година? Песната има скриено мрачно значење

Хит-песната на „Ауткаст“ од 2003 година „Hey Ya!“ беше мегапопуларна, а заразниот ритам и веселата музика беа причините поради кои се најде на врвот на музичките топ-листи.

Но, помалку е познато дека песната всушност крие подлабоко, потемно значење.

Тик-токерката Елизабет ја сподели песната како дел од нејзината серија наречена „Песни што ги доживуваш поинаку кога знаеш за што пеат“, а видеото собра 5,5 милиони прегледи и 1,4 илјади лајкови.



Според неа, песната зборува за проблемите на модерните врски и фактот дека луѓето остануваат во нив затоа што едноставно не сакаат да останат сами, а не затоа што ја сакаат другата личност.

Најтажната песна на светот

Тоа го поткрепува и фактот што минатата година на официјалниот твитер-профил на „Ауткаст“ беше објавена фотографија од спотот, а на главата на Андре беше означен мал дел што укажува на танцување, додека на остатокот од главата пишува најтажната песна некогаш напишана.

- Ако само го прочитате текстот, звучи како навистина тажна песна. Дури и на самиот крај, тој се осврнува на тоа како луѓето ќе ја гледаат песната како среќна и нема ни да размислуваат за подлабокото значење зад неа, и нема да сакаат ни да слушнат за тоа - објаснува тиктокерката.

@elizabethdevasto Go listen & it will hit DIFFERENT! Follow for Part 5! (Hey Ya! By OutKast) #songwriting #music #deepermeaning #hitdifferent #LearnOnTiktok #trend #fyp ♬ original sound - Elizabeth DeVasto
Стихот гласи: „Не сакате да ме чуете, само сакате да танцувате“.

Извор: Ladbible.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот