X
 20.08.2020 Живот

Погледнете ја „Што се случи кога сите запревме“, анимирана песна со гласот на д-р Џејн Гудал

Почна како песна исполнета со зборови што ги канат читателите да го слушаат „шепотот“ и да дејствуваат. Потоа стана детска книга со прекрасни бувови и други илустрации. Сега, книгата на Том Ривет-Карнац  - „Што се случи кога сите запревме“ стана анимирана песна раскажана од антропологот и гласник за мир на ОН, д-р Џејн Гудал. Книгата дава чувство на надеж и покана за значаен проект за кој се бара учество на сите граѓани во светот.

Карнац работи на теми поврзани со климатските промени во последните 20 години. Тој е најпознат по неговата работа како политички стратег на Парискиот договор за климатски промени.

- Иднината не е напишана. Она што ќе се случи следно зависи од нас. Ние, кои сме тука, треба да избереме како ќе се одвива следното поглавје од човечката приказна - и ние мора да избереме добро - вели Карнац.

Д-р Џејн Гудал, која била инспирирана од оригиналната песна, едвај чекала да ја чита нарацијата.

- Оваа прекрасна приказна им помага на родителите и децата да го надминат прекинувањето помеѓу нашиот мозок и нашите срдечни, чувствителни чувства. Мора да најдеме начин на живот во согласност со природата, така што и едните и другите ќе напредуваат. Се надевам дека оваа книга со приказни ќе ги инспирира луѓето од сите возрасти да ја играат својата улога во закрепнувањето од штетата што ѝ ја нанесовме на природата, за заедно да создадеме нова иднина - вели таа.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот